Повикот за компаниите за учество во третата фаза од компонентата за енергетска ефикасност е сега затворен. Добиени се 7 апликации, од кои ќе бидат одбрани 3-4 компании, во зависност од тоа што ќе се работи во компаниите. Ќе бидат изработени и буџети за техничка помош, за кои програмата исто така ќе обезбеди кофинансирање за дел од нив. Ќе биде потпишан Меморандум за разбирање со Генералниот Директор на одбраните компании. Објавувањето кои компании ќе земат учество во програмата е предвидено да биде во Мај 2011 година.


