Студенската размена за млади професионалци ќе го зголеми потенцијалот за идна прекугранична соработка. Затоа програмата вклучува и компонента за студенска размена.
Во 2010 година, 2 студенти, 1 од Македонија и 1 од Норвешка, добија практична обука поврзана со нивните студии преку програмата. Од средината на јуни тие работеа заедно во Норвешка на изработка на енергетска проверка во фабриката за производство на волница Саднесгарн од Норвешка, и беа подржани од македонски професори и Норск Енерги. Во август слична активност беше реализирана во компанија за производство на волница Тетекс Јарн од Тетово. Извештаи за енергетска проверка беа направени за двете компании и истите ќе бидат користени за подобрување на енергетската ефикасност во двете компании. Студентите добија корисно искуство со работата во странство, работејќи во повеќе дисциплинарни и мултикултурни тимови решавајќи вистински проблеми.
Програмата обезбедува слична можност за нови студенти во 2011 година.


