Центарот за климатски промени е основан во 2007 година и официјално регистриран во Јануари 2008 година, како невладина, непрофитна, неполитичка и нерелигиозна организација, согласно Законот за Здруженија на граѓани и фондации
Главните цели на Центарот за климатски промени се: Подигнување на јавната свест во однос на климатските промени и можностите на Механизмот на чист развој, предложување мерки за подобрување и дополнување на законската регулатива на полето на климатските промени и животна средина, зајакнување на капацитетите на локално и национално ниво, како и зајакнување на капацитетите во индустрискиот сектор за развој на проекти поврзани со климатски промени.
Мисијата на Центарот за климатски промени е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба против климатските промени, кои во последните години станаа сериозна закана за човештвото.
Нашата висија е да направме нискојаглеродно општество. Со цел да го постигнеме ова работевме на неколку проекти поврзани со редукција на стакленички гасови и ублажување и адаптација на климатските промени.
Нашата организација е основана од луѓе кои имаат одлично искуство во заштита на животната средина. Сакаме да го делиме нашето искуство со другите и да ги подржуваме централните и локалните власти во воспоставување на добро управување со животната средина, посебно во борбата со климатските промени.
Во изминативе години откако е основан, ЦКП насобра богато искуство за имплементирање на проекти финансирани од македонските и меѓународните организации.
Од февруари 2009 годна сме локален партнер на норвешката компанија Норск Енерџи, за нивниот проект „Градење на локалните капацитети за развој на проекти од климатските промени“, а од јуни 2009 па се до 2012 година потпишавме Договор за соработка со Норск Енерџи на тригодишниот проект „Почиста и поефективна индустрија во Македонија“.
Вработени во ЦКП кои работат на програмата се:
- Бојана Станојевска – Локален координатор
- Анета Панзова – Асситент на програмата
- Тања Ѓеорѓиева – Финансиски сметководител
- Фана Христовска – Директор на ЦКП


