Macedonian-version English-version

Систем за управување со животната средина

Фокусот на Македонската индустрија но и домашниот пазар се повеќе се зголемува во делот на влијанието на индустриското производство врз животната средина. Објавуваните тендери честопати бараат компаниите кои учествуваат во истиот да докажат дека имаат воведено систем кој ги третира еколошките аспекти во нивната работа. Дополнително, Македонската индустрија во блиска иднина ќе се усогласи со обврските на ЕУ во делот на животната средина. Со цел да се подготви Македонската индустрија за идните ЕУ обврски и стане по конкурентна, Проектот Почиста и поефективна индустрија во Македонија обезбедува обука за имплементирање на Системот за управување со животната средина.

СУЖС е систематски начин за управување со еколошките работи во организацијата. Системот го следи Планирај-Направи_Провери-Реагирај Циклусот со фокус на континуираното подобрување на еколошките перформанси на организацијата.

Обуката за СУЖС што ја обезбедува Проектот е распределена во 3 фази:

Фаза 1: Воведен семинар за СУЖС
Фаза 2: Две бесплатни работилници за СУЖС за претставниците нас Македонската индустрија
Фаза 3: Техничка помош на 4 компании кои земаат учество во фаза 2 и се посветени да го имплементираат СУЖС во блиска иднина. Компаниите учеснички се избираат по пат на натпревар.
Фаза 4: Мониторинг на 4 компании учеснички и пренесување на стекнатите искуства.

Техничката помош во фаза 3 ќе биде обезбедена од локални конслутанти за СУЖС, помогнати од експерти од Норск Енерги. Локалните експерти на овој начин ќе се стекнат со можност за надградба на нивните референци на полето на СУЖС и на овој начин во иднина можат да поддржат и други компании во Македонија. Доколку сакате да научите повеќе за компаниите учеснички во СУЖС и Македонските консултанти за СУЖС кои го помагаа овој проект, прочитајте тука:

EMS case companies
EMS consulants

Comments are closed.