Macedonian-version English-version

Финансирање на проекти за енергетска ефикасност

Постојат повеќе иницијативи во Македонија за овозможување финансирање на проекти за енергетска ефикасност. Меѓународни организации како UNECE, WB, EIB, EBRD иUS Aid подржуваат проекти за енергетска ефикасност преку нивните директни водечки програми, програми за кредитирање за локалните банки или преку обебзедување техничка помош.

Со цел да и се помогне на индустријата да најде соодвените финансиски извори за проекти за енергетска ефикасност, CCEI соработуваше во 2010 година со Бред Центар со цел да се изготви преглед на моменталните финансиски програми во Македонија. Со извештајот можеше да се заклучи дека и покрај фондовите кои се овозможени и интересот од страна на локалните банки, многу малку проекти беа имплементирани користејќи ги достапните финансиски програми.

Преземете го извештајот со цел да добиете јасна слика за посоечките финансиски извори за проекти за енергетска ефикасност од Август 2010 година. Извештај за финансиските можности за проекти за енергетска ефикасност во Македонија.

Во врска со презентацијата каде беа презентирани проектите изработени во првата фаза од компонентата за енегетска ефикасност, CCEI ги покани сите релевантни засегнати страни на тркалезната маса на тема: Од анализа до реализација – Како да реализираме проекти за енергетска ефикасност во македонската индустрија?. Настанот беше организиран во просториите на Стопанската Комора на Македонија на 2 март 2010 година, при што учесници од многу финансиски институции, академски сектор, меѓународни организации, јавни институции и индустрискиот сектор беа присутни и активно учествуваа во дискусијата и заклучија дека …(прочитај повеќе)
Индустријата може да придонесе за успех во процесот на развивањето на политики за енергетска ефикасност и нови програми за финансирање. Индустријата сака да дознае кога нови енергетски политики се развиени.
Во преработувачката индустрија, инвестиции во опрема за преработка и зголемување на производство е нормално приоритет пред спроведувањето на мерките за заштеда на енергија. Затоа е важно да се следи ефектот на спроведените мерки за енергетска ефикасност и резултатот да биде распространет пошироко, како би се стимулирал порастот на профитот со намалување на трошоците за енергија. Исто така беше заклучено дека финансиските механизми обезбедени од меѓународните финансиски институции не одговараат за сите проекти. Меѓутоа финансиските институции потврдија дека работат континуирано за да се адаптираат на потребите на пазарот и да ги обезбедат сите потребни услуги. Освен финансирање финансиските институции исто така обезбедуваат и техничка помош. Она што се зема во предвид кога се разгледуваат апликациите за финансирање е ликвидноста на компанијата документирана со извештаи, историјата на компанијата, изводливоста на проектот докажана со добро подготвена проектна документација и каков вид на гаранции може да бидат обезбедени за тоа.
Исто така беше заклучено дека многу малку е направено на поле на енегетска ефикасност во Македонија во последните 20 години. Македонија има многу добри технички експерти, но малку од нив имаат искуство во подготвување на проекти кои се изводливи во банките. Меѓународните програми затоа беа охрабрени да се фокусираат на енергетска проверка и за тренинг на експерти кои подготвуваат високо квалитетни физбилити студии.
Јавниот повик за учество на нови компании во втората фаза од компонентата енергетска ефикасност беше објавен во пролетта 2010 година. Компаниите кои влегоа во втората фаза се: РЕК Битола, ОХИС АД и Општина Кавадарци. Прв состанок за проектните тимови беше одржан на 25ти јуни 2010 година, при што ќе бидат изработени пре-физибилити студии за 5 проекти до крајот на Декември 2010 година.

Третата фаза од компонентата за енергетска ефикасност ќе биде спроведена во пролет 2011.

Comments are closed.