Macedonian-version English-version

ПРОЕКТИ

Во првата фаза од компонентата за енергетска ефикасност, пилот проектите беа селектирани помеѓу компаниите кои учествуваа во програмата за почисто производство на УНИДО/ НЦПП.

Во втората фаза и во следните фаза селекцијата на компаниите е направена врз база на отворени јавни повици за учество во програмата. Стопанската комора на Македонија и Сојузот на Стопански Комори ја подржуваат оваа програма.

Повикот за учество во третата фаза ќе биде објавен на пролет 2011

Подолу следува резиме од сите проекти што беа вклучени во програмата од 2009, наведувајки ги проектите и проектните тимови, како и видот на документацијата што беше изработена во рамките на програмата

АД ОХИС

АД ОХИС е индустриски комплекс кој се состои од неколку хемиски фабрики. Охис Енергетика, ги снабдува овие фабрики со пареа за производство, електрична енергија, природен и индустриски гас, декарбонизирана и деминерализирана вода. Извештајот вели дека енергетската ефикасност на котелот е помеѓу 63-73%, и ефикасноста на кондензниот систем е проценета на 50-55%. Потенцијалот за заштеда на енергија е голем. Физибилноста на предложените мерки за заштеда на енергија зависат од идниот развој на индустрискиот комплекс ОХИС.
PresentationReport

Замена на горивото со прачки од лозје во Кавадарци

Целта на пилот проектот во оваа пре-физбилити студија е да го замени фосилното гориво со биомаса од прачките кои се добиваат за време на кастрењето на виновата лоза, во средното училиште Добри Даскалов и на ваков начин да се испитаат можностите за поширока употреба на отпадот од биомаса генерирана од винската индустрија, за греење. Пресметано е дека количината на биомаса генерирана од сезоната на кастрење во Кавадарци, која што денес се третира како отпад, е доволна да ги покрие потребите за греење и сите јавни згради во општината.

PresentationReport

Загревање на пластеници со отпадна топлина од РЕК Битола

Целта на овој извештај е да ги процени потенцијалите за искористување на ниската отпадна топлина од РЕК Битола за да се загреат новите стакленици во близината на РЕК Битола. Меѓутоа беше брзо заклучено дека температурата од водата за ладење во РЕК Битола не е доволно висока за да може да ги покрие потрбите за развој на овој бизнис. Како и да е студијата овозможи корисен инпут за потенцијалниот понатамошен развој на системот за централно греење во регионот кој ќе се базира на топлината произведена од РЕК Битола. Потенцијалните потреби за топлина за стаклениците во оваа област е проценета на 35 MW.

Report

Comments are closed.