Macedonian-version English-version

енергетска ефикасност

Проектот за почиста и поефективна индустрија во Македонија му обезбедува на индустрискиот сектор техничка помош за идентификација на мерки за енергетска ефикасност и развивање на при-физибилити студии, каде, покрај идентификација на мерки, вклучени се и други еколошки технички решенија, препораки, заклучоци итн., кои ќе придонесат кон подобри перформанси на компанијата.

Подобрувањето на енергетската ефикасност се однесува на намалување на примената енергија за дадена услуга (греење, осветлување, производство итн.). Намалувањето н а потрошувачката на енергија честопати е придружена со променив о технологијата, но исто така резултира со подобро управување на енергетските извори („не-технички фактори“).


Индустриското производство и компаниите за централно греење може да имаат бројни можности за зголемување на енергетската ефикасност, како во производниот така и во придружните процеси. Типични области за подобрување се ладењето, греењето, компримираниот воздух, изолацијата, повторно искористување на топлината и светлината. Покрај тоа што ќе придонесат кон почист индустрски сектор, примената на проекти кои вклучуваат нови технологии придонесуваат кон правење на Македонската индустрија да биде поконкурентна и подобро подготвена за идните обврски до ЕУ.

Индустријата која е голем потрошувач на енергијата (тешката индустрија) троши повеќе од 30% од вкупната енергија во Македонија (во 2005 година). Идентификацијата на потенцијални еколошки но фокусирани на енергијата инвестиции во оваа индустрија и компаниите за централно греење е главна активност на овој Проект.

Проектот помага развој на проекти за цевководи за енергетска ефикасност, со тоа што им обезбедува техничка помош на посветените компании во подготвка на проекти за енергетска ефикасност до фаза на финансирање. Проектните тимови се состојат од локални сениори технички експерти, млади професионалци и претставници на компаниите кои имаат задача да ја развијат проектната документација која ќе ја помогне идната имплементација на проектот. Кога ќе биде применливо, овие проекти се презентираат пред финансиските институции.

Норск Енерги и Панел од Локални Сениор Експерти ќе спроведат проценка на квалитетот на проектната документација, а сите проектни тимови се потпомогнати и координирани од страна на Центарот за климатски промени.

Прочитај повеќе за компаниите и нивните проекти овде(Набргу)
Повеќе информации за локалните консултанти кои работат на овие проекти може да најдете овде

Comments are closed.