Macedonian-version English-version

3A

Почиста и поефективна индустрија во Македонија е тригодишна програма финансирана од норвешкото Министерство за надворешни работи

Целта на CCEI е да допринесе за намалувањето на стакленичките гасови од Македонската индустрија и да и помогне на индустријата да стане по енергетски ефикасна и подобро подготвена за исполнување на обврските на ЕУ. Со цел постигнување на ова, CCEI и овозможува на македонската индустрија градење на капацитетите и техничка помош во развивање на проекти за енергетска ефикасност како и имплементирање на систем за управување со животната средина. CCEI исто така допринесува студенти и млади професионалци да бидат вклучени во програмата и проектните активности.

Проектните активности се организирани во 3 компоненти, Енергетска ефикасност, Управување со животна средина и Студенска размена. Проектот е имплементиран од Норск Енерги и Центарот за климатски промени во периодот од Септември 2009 до Август 2012 година.

Дополнително, CCEI ќе вклучи македонски консултанти, студенти, невладини организации и институции со цел да се развијат локалните капацитети и да се подигне свеста на полето на енергетиката и животната средина. Проектот е подржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Стопанската Комора на Македонија, Сојуз на стопански комори.

Прочитајте повеќе за проектните активности под секоја компонента

Енергетска ефикасност
Студентска размена
Систем за управување со животната средина

Comments are closed.